На 30.06.2026 во 20:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид физички нападнал малолетник, исто така од Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 201-а од Кривичниот законик „насилство врз дете“, информираат од СВР Охрид.
На 30.06.2026 во 15:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во Охрид, едно лице физички нападнал 64-годишна жена од Тетово.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
На 30.06.2026 во СВР Охрид е пријавено дека во црквата „Св. Никола“ во охридското село Трпејца, била извршена тешка кражба.
При тоа се одземени пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.06.2026 во 13:35 часот, на улицата „Петар Ѓончески Гиле“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 49-годишно лице од Струга.
При извршен преглед, кај него пронашле кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.06.2026 во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 29.06.2026 околу 09:30 часот на паркинг простор во с. Мислешево, струшко, велосипед управуван од 39-годишната жена од Струга, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од 71-годишно лице од с.Мислешево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа.
OhridNews










