СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

На катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган, информираат од СВР Охрид.

На 11.06.2026 во 04:06 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека за време на прослава во куќа во Вевчани бил нарушен јавниот ред и мир со викање помеѓу неколку малолетни лица, при што еден од нив со стаклен предмет удрил негов соученик.

По целосно расветлување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews