Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39 годишно лице од Охрид.
При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом во Охрид, полициските службеници прoнајдоа и одзедоа амфетамин, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети, информираат од СВР Охрид.
Охриѓанец физички ја нападнал својата мајка.
На 17.11.2022 година во 16.25 часот во СВР Охрид пријавено е дека охриѓанец во семејниот дом, физички ја нападнал неговата мајка. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












