СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид кај него и во неговиот автомобил „волво“ со охридски регистарски ознаки, пронајдоа и одземаа кокаин и марихуана, информираат од СВР Охрид.

На 06.10.2026 во 17:40 часот од ул. „Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 30-годишно лице од Република Албанија.

Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода лишија 32-годишно лице од струшкото село Поум.

При контрола во сообраќајот извршена на  улица „Пролетерски бригади“ во Струга, било сопрено патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки и притоа било констатирано дека лицето го управувало возилото иако имало активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews