СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Охрид и 72-годишно лице од Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
При претрес во нивниот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 81 куршуми кои нелегално ги поседувале, по што беа лишени од слобода, информираат од МВР.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 36-годишно лице од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
На 13.09.2026, полициските службеници од СВР Охрид го затекнале пријавениот како врши такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на лица, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












