Вчера околу 15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, 57-годишен стружанец физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.
Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
При контрола на сообраќајот, извршена во текот на вчерашниот ден, во Охрид санкционирани се 8 возачи поради неправилно паркирање на моторно возило, на вонреден течнички преглед упатиле 8 автобуси при што, кај еден бил констатиран неисправен уред за запирање. Во Струга, контролирани се 28 автобуси и санкционирани се 9 возачи поради неправилно паркирани моторни возила.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-35, Струга-13, Кичево-22, Дебар-09.
OhridNews












