Од СВР Охрид информираат дека вчера, во полициската станица Струга пријавено било дека на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, 23-годишен стружанец физички нападнал 18-годишна сограѓанка. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, во 20.30 часот, во полициската канцеларија Велешта пријавен е пожар во патничко возило на локалниот пат пред струшкото село Лабуништа. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал во патничко возило „Шкода“ со струшки регистарски ознаки кое било во движење, а било управувано од жител на Лабуништа. Пожарот е изгаснат од Територијалната против пожарна единица Струга.

OhridNews