Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53. минута донесе голема победа за охриѓани.
Охрид уште од почетокот настапи офанзивно и создаде неколку добри можности. Се заканија Матески во 22. минута, Јахја во 32. и Мирчески во 40. минута, но резултатот остана непроменет.
Решавачкиот момент се случи во 53. минута, кога Матески ја затресе мрежата на Работнички. До крајот охриѓани имаа можности и за втор погодок, но резултатот остана 1:0.
Со оваа победа, Охрид Лихнидост е на првото место со 22 бода, пред Пелистер со 21 и Работнички со 18 бода.
Резултати – 9. коло
Осогово – Брера Струмица 3:1
Охрид – Работнички 1:0
Шкупи – Камењане 0:2
Беласица – Македонија ЃП 1:1
Новаци – Пелистер 0:2
Детонит – Еуромилк 0:0
Кожуф – Тетекс 2:2
OhridNews












