Ноќеска во 01:10 часот во село Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 32-годишен жител на истото село.
Тој претходно, во угостителски објект во Мешеишта физички и со дрвен предмет, нападнал 57-годижен жител на Мешеишта и уште едно лице од струшкото село Враништа, а потоа надвор од објектот оштетил патничкo возило „фолксваген“ со струшки регистарски ознаки. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Синоќа во 22:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека во станбена зграда на улицата ,,Мемет Иљјаз“ во Струга, жена физички нападнала сограѓанка.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Димоски.
OhridNews











