На 20.02.2026 година во 16:00 часот во СВР Охрид, 48-годишно лице со живеалиште во село во општина Дебрца, пријавил кривично дело „Насилство врз дете“ сторено од наставник во основно училиште во селото.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе следи соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.
На 20.02.2026 година во 02.30 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, лишено од слобода е 19-годишно лице од Охрид.
Тој претходно, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, одзел моторно возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.02.2026 година во 10.45 часот, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода лишија 32-годишно лице од струшкото село Франгово.
При контрола во сообраќајот извршена на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, било сопрено патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки кое лицето го управувало и притоа, било констатирано дека истото немало положено возачки испит со што го загрозил јавниот сообраќај. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













