На 10.11.2026 во 17:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 06:00 часот лице од Охрид се оддалечил од семејниот дом.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информираат од СВР Охрид.

На 10.11.2026 во 12:20 часот на ул.„Боро Хаџиески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 35-годишно лице од струшкото село Велешта.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола било констатирано дека го управува возилото иако има забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 10.11.2026 во 09:37 часот во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Лабуништа, едно лице физички нападнало 36-годишно лице, двајцата од истото село.

По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2026 во 01:55 часот на ул.„ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 23-годишно лице од Струга.

При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола, било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews