Променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре и во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во петок ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

OhridNews