Вчера во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишиле од слобода 37-годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Ноќеска во 01:10 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 18-годишно лице од струшкото село Ташмаруништа.

При преглед кај него се пронајдени и одземени марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

Синоќа во СВР Охрид е пријавено дека во 20:10 часот на булевар „Туристичка“ во Охррид, охриѓанец физички нападнал 43-годишен сограѓанин.

Се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот Димоски.

OhridNews