Ноќеска во 05:20 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен 21-годишен жител на Слатино, општина Дебрца.
Тој, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера. При извршено алкотестирање, полициските службеници, кај него констатирале 1,99 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи а по насоки на јавен обвинител, одземено му е моторното возило. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера во 21.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на кичевското село Другово, товарно моторно возило „Ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 31-годишно лице од Кичево, при разминување, удрил во велосипед управуван од 52-годишен жител на селото Другово.
Велосипедистот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кичево каде, му биле констатирани тешки телесни повреди. По насока на јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, соопшти Димоски.
Вчера на паркинг простор на улицата „Григор Прличев“ во Охрид физички била нападната 32-годишна охриѓанка.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Димоски.
OhridNews












