Вчера попладне во 17.45 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, приведен бил 44-годишен жител на Охрид кој претходно, во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.
По извршено алкотестирање, кај него се констатирани 2,51 промили алкохол во крвта и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Исто така вчера во 15.30 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, лишен од слобода бил 54-годижен жител на Струга.
При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Вчера утрото во 10.40 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека во работнички камп лоциран во кичевското село Извор, турски државјанин (57), вработен во градежна фирма, при самоволно извршување на сеча на гранки од дрво и невнимание, паднал и се здобил со скршеници.
Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Тој, на 09.04.2026 година, на сопствено земјиште лоцирано покрај регионалниот пат Струга-Калишта, запалил сува трева и нискостеблеста вегетација која претходно ја собрал а набрзо, пожарот се проширил и кон дрвниот насад со јасика покрај патот. При пожарот, немало повредени лица.
OhridNews














