Вчера ноќта во 02.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода бил 19-годишник од Ресен кој претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб.

При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и п целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 26.05.2026 година во 12.20 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница во Охрид било донесено малолетно лице од кичевското село Колари кое имало повреди од воздушна пушка.

По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека малолетникот, во својот дом ја пронашол воздушната пушка сопственост на неговиот татко и при разгледување испукал еден проектил при што се повредил во пределот на ногата. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

OhridNews