На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за 44-годишно лице од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 31-годишно лице од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.06.2026 во 18:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 23-годишно лице од струшкото село Велешта.
Тој се сомничи дека претходно во селото Долна Белица физички нападнал 34годишно лице од истото село во што се вклучиле уште две лица од селото Велешта. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава
На 08.06.2026 во 23:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на хотел на струшкото крајбрежје, едно лице физички нападнал 18-годишно лице од Струга.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.06.2026 во ОВР Струга е извршен службен разговор со 40-годишно лице од едно струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син.
Тој, на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, пријавил дека неговата сопруга ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













