На 26.03.2026 во 14:43 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на бул.„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице и велосипед управуван од 71-годишно лице, двајцата од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
На 27.03.2026 во 06:15 часот во кичевско село, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево лишија од слобода 70-годишно лице од Охрид.
Тој бил баран по претходно распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување затворска казна за сторени кривични дела по член 130 и член 144 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување казната, посочуваат од МВР.
На 26.03.2026 во 17:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 43-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека пред маркет во Охрид се однесувал агресивно и непристојно.
При преземање мерки е констатирано дека лицето е под дејство на алкохол и му биле измерени 1,89 промили aлкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 26.03.2026 во 15:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 20-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













