Во СВР Охрид вчерта било пријавено дека во угостителски објект на ул. Железничка бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 42-годишно лице од с.Лактиње, Дебарца и 57 – годишно лице од Охрид од една страна и две лица од Охрид од друга страна. Потоа жителот на Лактиње ги нападнал службените лица, кои вршеле службени дејства, соопшти.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Исто така вчера во 01.32 часот во СВР Охрид, 27-годишно лице пријавило дека околу 01.20 часот во неговиот дом во Охрид, во кој биле присутни други две лица, женска особа се здобила со тешка телесна повреда, по што била пренесена во Медицински центар Охрид.
Вчера, пак, во СВР Охрид, 22-годишна девојка од Охрид пријавила дека околу 14.10 часот во комбе кое сообраќало од Струга кон Охрид непознато лице ја допирало по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
OhridNews












