На 12.06.2026 во 19:55 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 45-годишно лице од Охрид.

При преглед на патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.06.2026 во 10:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 30 и 49 годишни лица, двајцата од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 07:00 часот физички нападнале 46-годишно лице од Охрид и му нанеле тешка телесна повреда.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

На 12.06.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со 34-годишно лице од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во угостителски објект во Струга физички ја нападнал неговата 31-годишна вработена.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен пријава, додаваат од СВР Охрид,

OhridNews