При контрола во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол, информира СВР Охрид.
При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од две лица од Охрид. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти СВР Охрид.
Вчера во 16:10 часот во ПС Охрид две лица од Охрид пријавиле дека на 03.04.2026 околу 19:00 часот во Охрид на ул. ,,1-ва МУБ“ нивните две малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
OhridNews














