На 27.05.2026 во 16:45 часот во СВР Охрид, 37-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 14:00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг 37-годишен од Охрид, физички ја нападнал.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со пријавениот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „бегство“.

На 13.05.2026, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои го лишиле од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ во близина на верски објект во Охрид.

На 27.05.2026 во 19:10 часот во ОВР Струга, 31-годишно лице од селото Враништа, струшко, пријавил дека околу 18:15 часот во двор од семејната куќа бил физички нападнат од неговиот сосед.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ по член 239 од Кривичниот законик.

На 28.12.2025 пријавениот неовластено присвоил патничко возило, сопственост на авто сервис од Струга, каде бил вработен, а кој претходно од сопственикот на сервисот имал полномошно за привремено користење за службени потреби, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews