На 19.07.2026 во 14:15 часот во охридско село, од слобода е лишено 45-годишно лице од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

На 19.07.2026 во 04:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30-годишно лице од Охрид.

Тој во семејниот дом го нарушил јавниот ред и мир со гласна музика и бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Притоа, било констатирано дека тој има 1,78 промили алкохол во крвта.

На 20.07.2026 во 00:15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 36-годишно лице од струшкото село Велешта.

Тој агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

OhridNews