На 13.06.2026 во 16:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека oхриѓанец во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Исто така, вчера, во 22:04 часот, на улицата „Св. Наум Охридски“ охриѓанец физички нападнал две 17-годишни момчиња од Охрид.

По целосно документирање на настанот следува соодветен поднесок, соопшти Димоски.

Ноќеска во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост“ во близина на Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишиле од слобода 39-годишно лице од Струга.

При извршена контрола и преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, посочи Димоски.

OhriNews