На 03.07.2026 во 11:15 часот во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 45 од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, како и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 03.07.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода лишија 44-годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.07.2026 во 16:40 часот, во СВР Охрид од слобода е лишено 26-годишно лице од Струга, кој претходно, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник.

Во врска со истиот настан, приведено е и 28-годишно лице од Охрид, кој бил заедно со стружанецот и упатувал навреди кон полициските службеници и не ги почитувал нивните наредби. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.07.2026 во 14:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале запрено патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од 58-годишно лице, електричен мопед „јадеа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишно лице и 56- годишна жена, пешак, сите од Охрид.

Притоа, мопедот удрил во жената која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.

На 03.07.2026 во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на пресекот на булеварот „Македонски Просветители“ со улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од 15- годишно момче од Охрид и патничко возило, кое не застанало, туку го напуштило местото на незгодата.

Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По преземени мерки, полициските службеници го пронајдоа возилото „фолксваген тигуан“ со охридски регистарски ознаки и возачот, 65-годишен од Охрид, кој го управувал возилото, а по извршено алкотестирање било утврдено дека има 0,7 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.

На 04.07.2026 во 01:40 часот, на улицата „Црн Дрим“ во Струга, од слобода е лишено 46-годишно лице од Струга по претходна пријава дека ја нападнал неговата мајка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.07.2026 во 01:50 часот, на кеј „8 Ноември“ во Струга, од слобода е лишено 26-годишно лице од гостиварското село Чегране.

Тој откако ги забележал полициските службеници, се обидел во устата да сокрие паковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews