Ноќеска во 05:32 часот, во СВР Охрид е пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 17 и 20 години, двајцата од охридското село Лескоец, две лица на возраст од 18 и  19 години од Охрид,  од една страна, и две лица од Скопје на возраст од 22 и 28 години, од друга страна.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39 и 46-годидишно лице од од струшкото село Радолишта и против еден малолетник од селото Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик.

Пријавените, на 03.05.2026 околу 18 часот, во училишен двор на основно училиште во Струга, физички нападнале две малолетни лица, при што им нанеле телесни повреди# соопшти Димоски.

OhridNews