На 04.06.2026 година во 21:45 часот, на крстосницата од улиците „7 Ноември“ со „Васил Главинов“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Пасат“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала 25-годишна жена од Охрид и моторцикл „Кимко“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 21-годишно лице, од охридското село Долно Лакочереј.

Притоа, моторциклистот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, му биле констатирани телесни повреди, информираат од СВР Охрид.

По наредба на јавен обвинител, додаваат, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

На 04.06.2026 година во 14.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на влезот од аеродромската зграда на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, едно лице, физички нападнал 38-годишно лице од Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот по што, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат од СВР Охрид.

OhridNews