На 10.06.2026 во 22:26 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица на возраст од 24, 22 и 20 години, сите од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 10.06.2026 во 17:50 часот, на магистралниот пат Кичево – Охрид, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишно лице од Обединето Кралство, удрило во метална ограда и излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната сопатничка од Обединето Кралство, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 10.06.2026 во 21:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишно лице од струшкото село Драслајца од една страна и две 32 годишни лица од Струга, од друга страна.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на располагање со недвижен имот на територијата на општина Дебрца кои подлежат на обврска за плаќање данок на имот, како и за нивно реоданочување. Со тоа, пријавениот ја оштетил општина Дебрца во износ од 431. 245 денари, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













