На 17.05.2026 во 17:45 часот во СВР Охрид, 40-годишно лице с.Врбјани, охридско, вработен како обезбедување во хотел во с.Пештани, при интервенција за нарушен јавен ред и мир бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.
Претходно, во период од 01:15 до 02:00 часот, полициски службеници привеле едно 21-годишно и две 20-годишни лица од Србија и 21-годишно лице од Босна и Херцеговина, затоа што во хотелот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, информираат од СВР Охрид.
На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишно лице од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. При извршени проверки, било констатирано дека лицето го управувало возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













