Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на Граничен премин Ќафасан настанал пожар во патнички автомобил „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки во движење, кој го управувал 55-годишен жител на струшкото село Радолишта.
Повредени лица нема, а интервенирале полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Ќафасан и го изгаснале пожарот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 17.06.2026 на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“, сопственост на пријавениот, при што во торби од багажот пронашле и одзеле марихуана и дробилка, соопшти Димоски.
СВР Охрид соопшти дека поднел кривична пријава и против 38-годишен скопјанец за случај од 2025 година кога кај него бил пронајден и одземен кокаин.
OhridNews











