Полицијата изнесе детали за пожарот што вчера попладне избувна во близина на населбата Бејбунар.
На 15.07.2026 околу 20:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар кај поранешните воени магацини во охридската населба „Бејбунар“. Во пожарот нема повредени лица, а била зафатена поголема површина на борова шума и нискостеблеста вегетација. Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид.
Во билтенот се евидентирани неколку инциденти, нарушувања на јавниот ред и мир и уште еден случај на семејно насилство.
На 15.07.2026 во Охрид од слобода е лишено 61-годишно лице од Охрид, по претходна пријава дека, во семејниот дом во Охрид со остар предмет се заканувал кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
OhridNews












