Бионтек работи со својот партнер Фајзер на зголемување на производството на нивната вакцина против Ковид-19, соопштија нејзините основачи, предупредувајќи дека ќе има празнина во снабдувањето се додека не почне испораката на други вакцини.

Во моментов (ситуацијата) не изгледа добро – се појавува дупка бидејќи недостасуваат други одобрени вакцини и ние мора да ја пополниме празнината со наша сопствена вакцина, изјави директорот на Бионтек, Угур Сахин, за неделникот „Шпигел“.

Сахин го основал Бионтек со неговата сопруга Озлем Туречи, која е главен медицински директор на компанијата.

САД порачаа 600 милиони дози од таа вакцина во јули, додека ЕУ чекаше до ноември да нарача половина од таа количина.

Во еден момент стана јасно дека нема да може да се доставуваат (вакцини) толку брзо, рече Туречи за „Шпигел“.

Според неа, во тоа време веќе било доцна за нови нарачки.

Бионтек се надева дека ќе почне нова производна линија во Марбург, Германија во февруари, каде ќе може да се произведат 250 милиони дози во првата половина на 2021 година

OhridNews