Во последното коло од Вората фудбалска лига Запад, кое на програмата е денеска, 14 мај, Охрид дома ја пречекува екипата на Тетекс од Тетово.

Пред натпреварот на сезоната за Охрид, во градот владее фудбалска атмосфера. Клубот ги повикува навивачите да дојдат во што поголем број и да им пружат поддршка во битката за опстанок. Се мобикизира и навивачката група Рибари, која и денеска ќе биде 12-ти играч на Охрид.
Кораб дома го пречекува Вардар, кој пак брка победа и чека кикс од второпласираната Воска Спорт, која во последното коло му гостува на новиот прволигаш Силекс во Кратово. На Воска и е потребен само бод да обезбеди бараж за Прва лига.

Г.М.












