-Неколку пати беше побарано од него да достави докторат, но тој не го достави. Исто така беше утврдено дека кај други професори воопшто не била спроведена процедура за избор. Сето ова беше констатирано и од државниот просветен инспектор.-додаде Давчев.
Ректорот Давчев ги демантира обвинувањата
Ректорот Давчев тврди дека оригиналната идеја за формирање Универзитет за информатички технологии во Македонија е негова и на повеќемина други домашни професори и дека истата видоизменета била употребена од основачите на високобразовната институција меѓу кои е и професорот Бок, кој пак ја обвини актуелната управа на универзитетот за плагијат. Давчев ги демантира ваквите обвинувања.
-Тоа е апсолутна невистина, тоа се интриги измислени работи за да се смени ректорот и целокупната нова администрација на универзитетот. За тоа не треба да измислуваат работи јас можам во секој момент да си отидам.-рече Давчев.
На адреса на УИТ стигнаа и обвинувања за непотизам, кои ректорот Давчев исто така ги негира. Според него се работи за ангажман на лица во необразовна дејност, кои биле блиски со лица од наставниот кадар, но тоа било направено за да се консолидира образовната институција.
-Што се однесува до непотизмот, во ситуацијата во која јас се најдов при доаѓањето тука кога немаше доволно луѓе на универзитетот, со договор за дело привремено на неколку месеци ангажирав неколку лица кои требаше да ни помогнат да излеземе од истата. Наследив половина изградена или недоградена зграда, која не можеше да продолжи да се гради поради нерасчистени финансиски работи во минатото, затоа сакав да ги искористам сите расположливи луѓе во Охрид во тој момент. Можеби се случило во даден момент да има маж и жена, односно сопруг и сопруга, меѓутоа тоа беше направено добронамерно со цел да се разрешат проблемите, времено, а не со цел да се остане на работа. Ви се молам советник за инвестиции, ако бил во некакви односи со професор на универзитетот нема тука никаков конфликт на интереси, смета Давчев.
И покрај обвинувањата кои сериозно може да влијаат на угледот на оваа млада високообразовна институција, универзитетската управа тврди дека установата е на добар пат да ги разреши проблемите, кои според неа се последица од работата на минатото раководство. Според управата на универзитетот тоа ќе било направено и порано доколку навремено била добиена поддршката од надлежните министерства за образование и за информатички технологии. Оттаму пак засега нема официјална реакција во однос на случувањата на УИТ, кој владата амбициозно го најавуваше како проект кој Македонија ќе ја стави на светската карта на научни установи кои продуцираат кадри за 21-от век. Наместо тоа оваа сеуште недокажана високообразовна институција се соочува со проблеми и превирања, што може негативно да се одрази на квалитетот на наставата што ја добиваат студентите, кои очигледно се во сенка на борбата за превласт во универзитетот која трае подолг период.