СВР Битола поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што информираат од МВР, на 2-ри јануари годинава, пријавениот во два наврати неовластено употребил платежна картичка, сопственост на 49-годишно лице од Охрид, кое живее во Битола. Поради недоволно средства на картичката, пријавениот не успеал да подигне пари.
OhridNews












