Подигнување на економскиот и туристичкиот развој во регионот беше целта на денешниот одржан бизнис форум во Охрид.
Шемса Емшериев, управител на „Еуростеп“ во чија организација беше денешниот форум вели дека целта е компаниите кои учествуваат да можат дирекно да се претстават и со нивните партнери од странство да можат да оставарат соработка.
Затоа претходно подготвуваме портфолија на нашите соработници со цел истите подготвени да влезат во комуникација со нашите партнери од странство. Да овозможиме тие кои ќе бидат дел од истиот да постигнат одредена цел во насока на остварување на бизис. Форумите ги организираме регионално со цел да го подигнеме економскиот и туристичкиот развој во регионот и однапред да ги знаеме потребите на учесниците и пред тоа да можеме да ги подготвиме потенцијалните соработници, вели Емшериев.

Токму поради таа флуктуација со работна сила што се случува, нудиме можност за поттикнување нови решенија во тој дел, односно увоз на работна сила од останатите држави од ЕУ и од држави на Азискиот континент. Со организацијата на овој Бизнис форум, беше најавено и одржувањето на музичкиот фестивал M Fusion, а исто така беа потенцирани и можностите за вмрежување на правните и физички лица и нивна идна заработка. Поради слабата заинтересираност од охридските, но пред се домашните правни лица за учество на саемот и на форумот, на денешниот бизнис форум се задржавме на едно интерно прикажување и приближување на концептот на работа повеќе кон нашите странски партнери кои дојдоа. Но, за жал немаше охридски претставници од туристичкиот сектор, агенции, хотелиери, ореганизатори на настани кои што би имале можност да се претстават. Ова нека биде една шанса за следниот Бизнис форум кој ќе го организираме на 11 и 12 јуни во Струга, да можат да учествуваат, што веруваме дека ќе даде успешни резулати во иднина и од аспект на букинг на хотелиерите и од аспект на организацијата на настаните, пред се за фестивалот планиран за 3 и 4 септември во охридско-струшкиот регион, вели Коруновска.

Целта е да обезбедиме едно доживување како за странски посетители, туристи, исто и за нашите државјани. Ќе обезбедиме еден континуитет од 5 до 7 септември на кој нашата држава ќе стане примамлива туристичка дестинација за странските посетители. Покрај промоцијата ќе се зголеми и ќе се подобри економската состојба. Од друга страна пак за домашните посетители ќе биде можност наместо да заминуваат надвор од државата, да останат тука, да присуствуваат на истиот. Се збогатува туристичката понуда и на тој начин се подобрува и локалниот туризам. Да направиме нешто од нас за нас додава Коруновска.

Н.С.Ј.
фото. А. Момироска












