Лидерот на Одделот за електроника во технолошки високо развиената фабрика за производство на делови за автомобилската индустрија „Костал Македонија“ во Охрид, Благојче Аврамоски, е избран за работник на годината во компанијата за 2020 година, откри специјализираната емисија „Најдобриот работник“ што денеска премиерно беше прикажана на Телевизија 24.
Во „Костал“ има многу позитивни примери, а еден таков несомнено е Благојче кој е во компанијата од самиот почеток во 2016 година. Од оператор на електроника со работа и кариерна прогресија за 4 години тој стана лидер на Одделот за електроника. – истакна извршниот директор на „Костал Македонија“ Виктор Мизо.

Ми беше дадена прилика да напредувам. Најпрвин бев промовиран во сменски раководител, за по една година да ми биде понудена позиција погоре за раководител на оддел. – рече најдобриот работник на „Костал“ Благојче Аврамоски.

OhridNews












