Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е на 693,95 метри надморска височина, додека според мерењата на ЕЛЕМ на 693,98 м.н.в., што е 23 сантиметри над дозволената граница, односно два сантиметри пониско од максималната кота дозволена во состојба на големи води.

Според прогнозата на УХМР, во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во наредните денови не очекува топло и променливо време со повремени врнежи од дожд.

OhridNews