Помошта за здравствените работници и установи за време на пандемијата од Ковид 19, не престанува. Благодарение на општествено одговорни компании, хумани поединци и организации, се премостуваат проблемите кои се напластуваат во нашето здравство со години, а некои се нови предизвикани од потребите што ги наметна тешката битка против коронавирусот.

Еден таков позитивен пример на одговорно општествено делување, несомнено е и „Костал Македонија“. Компанијата на иницијатива на Младинскиот совет и Марија Мостро, пред десеттина дена од специјализираната компанија „Messer Vardar“ набави 5 вентили за кислородна поддршка кои беа дефицитарни во охридската Општа болница.

Донацијата веднаш е предадена на Општата болница, со што е овозможено непречено функционирање на кислородната поддршка во установата која сега работи како Ковид центар. Тоа е од витално значење за пациентите суспектни на Ковид 19, на кои им е неопходна кислородна поддршка во борбата со опасниот коронавирус.

OhridNews