Директорката на фестивалот Охридско лето Наташа Поповиќ, на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески му врачи благодарница за поддршката на општината на манифестацијата која оваа година, во вонредни услови, се одржа по јубилеен шеесети пат.

Градоначалникот Георгиески во лично име и во името на Општина Охрид, упати јавна благодарност до НУ „Охридско лето“ за укажаното внимание и успешно организираниот фестивал.

„Охридско лето“ е нашата гордост, нашиот најскапоцен бренд и столб на современата културна традиција. Посакувам да бидеме сведоци на уште многу фестивалски изданија кои ќе донесат неповторливи настапи и врвни светски уметници. Се надевам дека фестивалот ќе продолжи да се развива и дека заедно ќе прославуваме уште многу значајни јубилеи.

Честитам на целокупната организација на овогодинешното фестивалско издание, кое беше успешно реализирано и покрај светската пандемија од „КОВИД 19“ – напиша на социјалните мрежи по средбата со директорката на Охридско лето, градоначалникот Георгиески.

OhridNews