Во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден.

Годинава со значително помал број на верници од вообичаеното и во услови на силно полициско присуство се одржа церемонијата на спуштање на Светиот оган во Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим, поради тековната војна во регионот во последните два месеци.

Ерусалимскиот патријарх Теофил III излезе од црквата држејќи запалени факели и носејќи 33 свеќи, делејќи го Светиот оган на присутните верници и пренесувајќи ја пораката за надеж и Воскресение.

OhridNews