Тензичното дерби Наполи – Јувентус кое заврши со реми 1-1, го одбележа неспортскиот потег на Едисон “Ел Матадор“ Кавани. Тој во финишот на првиот дел буквално го “скрши“ Кјелини, но и покрај консултацијата на главниот судија со своите помошници помина само со жолт картон.
Според правилата во Италија, тој може да добие казна доколку во федерацијата се повикаат на видео записот од мечот.