Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре, 28 мај, од 08 часот на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.
Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид, информираат од СВР Охрид.
Упатуваме апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, посочуваат од СВР Охрид.
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за сабота, 21 ноември, од 12 до 14 часот во Охрид Собирот ќе почне на градскиот плоштад „Св Климент Охри...
Новоопремен фитнес-центар во селото Лешани, наменет за учениците и локалното население, доби Општина Дебрца Опремувањето е реализирано со донација од почесниот конзул на Република Србија во Охрид, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и 67-годишно лице од Кавадарци, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотре...