Денеска, припадниците на активниот состав на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност со боево гаѓање, информира СВР Охрид.

Според планот, гаѓањето ќе биде на стрелиштето „Бејбунар“, каде утре од 8 часот, иста активност ќе имаат полициските службеници од полициската станица од Општа надлежност Охрид.

Полициски екипи извршија обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“. Се молат граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. – апелираат од СВР Охрид.

OhridNews