Богата програма со културни, спортски и забавни настани во Охрид по повод Денот на Охридското Езеро
17.06.26 13:34
По повод Денот на Охридското Езеро Општина Охрид подготви богата програма исполнета со културни, спортски и забавни настани.
Програмата започнува на 19 јуни со Литературно – едукативниот проект за деца „Раскажи ми за езерото“ од 10:30-12:00 часот во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид, објект „Централна“. Во 11:00 часот ќе се одржи Фестивал на поезијата и културата „Слушни го езерото“ во НУ Библиотека „Григор Прличев”- Охрид. Вечерта со почеток од 19:00 часот на програмата е „Книжевен хепенинг за деца Охрид 2026“ на плоштадот „Вангел Наумовски“.
Следниот ден, 20 јуни, од 10:00 часот предвидена е Едриличарска регата „Заедно за иднината на Езерото“ на плажата Горица 1. Во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ концерти ќе одржат ВИС „Билјана“ и Елена Христова-Баклава.
На 21 јуни, од 10:00 часот продолжува Едриличарската регата, а до 20:00 часот концерт ќе одржи Владимир Четкар.
Програмата се заокружува на 22 јуни во 19:00 часот со Креативна детска работилница и детски музички фестивал „Распеано Рибарче“ на плоштадот „Вангел Наумовски“.
Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид лице од Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта...
Австралиско-македонскиот комичар, автор на содржини и водител на подкаст емисија – My Cousin Vlad роден како Саш Мишевски, на 23 септември пристигнува во Охрид со своето актуелно шоу „Total S...
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков На ср...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.