Од утре почнува деветтото издание на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кое ќе трае до 16 јуни во Охрид.
Подгответе се да уживате во прекрасните и креативни изведби на младите актери, волонтери на организациите на Црвениот крст од Србија, Црна Гора и Македонија, велат од Црвен крст Охрид.
Програмата започнува утре, 12-ти јуни, во предворјето на црквата „Св. Софија“, каде со почеток во 21:00 часот, Театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја изведе претставата „Утре“ по сценарио и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц.

Програмата се заокружува со изведбата на претставата „Ланчана реакција“ од Снежана Маравиќ, од страна на театарската група при Црвен крст од Суботица, во петок, 15-ти јуни во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот.
Влезот за следење на претставите е слободен.
OhridNews













