Денеска е Водопост, строг пост. По тој повод утрово се одржува света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид.

На 19-ти јануари, четврток, кога во Охрид се очекуваат и голем број гости од земјава и странство, во 7 часот ќе има утрена богослужба во сите парохиски храмови, а во 8.30 часот ќе започне светата божествена литургија, по што во 9.45 часот ќе следи поаѓање на литијата кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се фрла крстот во осветените води.

Во 12 часот ќе се одржи и традиционалното групно крштевање на Сараиште.

OhridNews