По повод празникот  „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската Православна Црква, денеска во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16.00 часот.

На 8-ми декември 2013 година со почеток од 8:30 часот во истиот манастирот ќе се служи света литургија по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“. Богослужба тој ден ќе има само во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, (едноцрквие).

На 9-ти декември 2013 година (понеделник) со почеток од 8:30 часот во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Свети великомаченик Ѓеоргиј“. Тој ден, богослужба ќе има само во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, (едноцрквие).

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

OhridNews