По повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, на 4. декември 2018 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.