По повод празникот „Св. Свештеномаченик Теодот – Епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), утре, 7 март 2009 година, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.00 часот. Со богослужбата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.

Богослужби по повод Тодорова сабота ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 8 март 2008 година (недела), во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“. Богослужбата започнува во 8.45 часот, а ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби Ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

Ohridnews